Ѕвездена инспиративна гала во Сао Паоло

7 април 2014

„Inspiration São Paulo“ е најголемата серија манифестации што се одржуваат надвор од границите на САД и важи за една од најочекуваните филантропски и социјални настани во Јужна Америка. Оваа година традицијата продолжува со одбележување на четвртата по ред „Inspiration Gala São Paulo“ и трета година како се одржува во прекрасниот дом на почесниот канцелар Дињо Диниз.

Фелипе Диниз Фелипе Диниз

АmfAR гала вечерта се одржа на четврти април, а актерката Шерон Стоун, инаку домаќинка на настанот и претседателка на глобалното собирање финансиски средства за организацијата оваа година на сцената беше придружувана од топ моделите Наоми Кемпбел и Кејт Мос, модниот дизајнер Рикардо Тиши и пејачката Мери Џеј Блајџ која се најде на листата изведувачи. Главен спонзор на гламурозниот настан е модната куќа Луј Витон, а меѓу почесните гости се најдоа и имињата на Низан Гуанес и стилската директорка на бразилското издание на Vogue, Доната Меирељес.

Од своето основање во 2010 година, овој тип на манифестации се одржаа во Њујорк, Лос Анџелес, Париз, Сао Паоло, Рио де Жанеиро, Торонто и Мајами. Секоја година манифестацијата нуди различен „инспиративен“ дизајн. Изминатите настани беа пропратени со неверојатни настапи на дел од најеминентните имиња во шоу бизнисот како Гилберто Гил, Џенифер Хадсон, Лајза Минели, Деби Хари, Прета Гил, Ана Каролина, Кортни Лов, Дита Вон Тис, Синди Лопер, Сеу Жоржи и Кети Пери. Во плејадата учесници и гости на балот низ годините се најдоа и Сандра Булок, Софија Копола, Франциско Коста, Алан Каминг, Клер Данес, Марк Џејкобс, Џенифер Лопез, Кејт Мос, Сара Џесика Паркер, Пеле, претседателот за глобално собирање на средства Шерон Стоун и Хилари Свонк. До денес, серијата настани под името Inspiration Gala собраа повеќе од 10 милиони долари.

Стоун претседаваше со аукцијата што одеше во живо и вклучуваше билети за претстојното модно претставување на Живанши на пролетното ready-to-wear модно шоу што ќе се одржи во Париз, но и вечерен фустан, накит и чанта специјално дизајнирани од Тиши, специјално направен портрет на бразилскиот уметник Вик Муниз и даска за бордање со потписот на Ричард Филипс.

Шерон Стоун Шерон Стоун

Актерката, се појави во црна долга тоалета, што суптилно ја следеше нејзината силуета, а впечатливиот брош под градите и дискретното деколте дополнително ја истакнаа нејзината елеганција и женственост. Оваа 56-годишна актерка својата соработка со amfAR  ја започна во 1995 година кога ја прифати понудата да биде назначена на функцијата претседател на кампањата која amfAR ја организира за истражувањата на сидата како една од најстрашните болести на денешницата.  Имено, Стоун беше ко-домаќин и на инаугуративната amfAR гала која се одржа во Мумбаи минатата година.

Кејт Мос Кејт Мос

Во петокот вечер, се чинеше дека очите на сите беа вперени во топ моделот Кејт Мос која на галата се појави во црвена долга тоалета на преклоп стегната со црвен ремен на половината. Едноставната и еднобојна креација, 40-годишниот модел ја комбинираше со прекрасен златен накит, масивни тркалезни обетки, нежен ѓердан, алка со зелен камен, прстен и клач-чанта во златна нијанса.

Наоми Кемпбел Наоми Кемпбел

Покрај, Кејт Мос, на манифестацијата се појави и моделот Наоми Кемпбел, во бела долга креација навезена со мониста во бели и светкави тонови, на кои им беа додадени флорални везови. Композицијата  ја следи линијата на моделот збогатен со реси што паѓаат по должината.

Мери Џеј Блајџ со сопругот Кенду Исак Мери Џеј Блајџ со сопругот Кенду Исак

Облечена во црвена тоалета, под рака со нејзиниот сопруг Кенду Исак се појави и соул ѕвездата, Мери Џеј Блајџ. Пејачката заедно со својата бразилска колешка Мартналија имаа посебни настапи во текот на вечерта. Во продолжение погледнете ја гламурозната галерија.

Објавено:
7 април 2014
Категорија: 
Сцена