Поранешниот сопруг на поп иконата Мадона, Гај Ричи се ожени со прекрасната англиска манекенка Џеки Ејнсли која се појави во магичен бел фустан од тантела со раскошно венче од цветови на главата. 

Двојката се венчаше на луксузен имот во Вилтшир, Англија каде беа поставени огромни бели шатори, но и мали слатки куќички каде се забавуваа нивните пријатели. 

Сосема очекувано, на свадбата се појавија бројни познати ѕвезди меѓу кои и Дејвид Бекам, Џејсон Статам, Рози Хантингтон Вајтли и многу други. 

Прекрасната невеста кон олтарот ја испратија синовите на Мадона и Ричи, Дејвид и Роко кои внимателно и помагаа со раскошниот фустан. 

Погледнете каква беше атмосферата на втората свадба на еден од најпознатите холивудски режисери. 


Објавено:
31 јули 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.624 пати