Ако досега забавите во пресрет на Оскарите се правеа неколку дена претходно, сега тоа се случува повеќе од една недела. Таков беше случајот и со гламурозната забава на Булгари на која се појавија некои од најголемите холивудски ѕвезди во беспрекорни изданија.
Во прекрасната градина на Soho House во Лос Анџелес, можеа да се видат актерките Наоми Вотс, Кејт Хадсон, Ејми Росум, Ешли Грин и многу други.
Во улогата на домаќинка на настанот се појави Наоми Вотс која го носеше највпечатливиот и најубавиот златен ѓердан во комбинација со рубини и смарагди.
„Го одбрав овој ѓердан бидејќи кога го носев, се чувствував неверојатно силна и елегантна и сметав дека е вистинскиот избор за овој повод“, вели Вотс.
Старлетата Камила Бел изгледаше прекрасно во нејзиниот црно – бел фустан надополнет со прекрасни дијамантски обетки од брендот.
„Кога ќе помислам на Булгари, помислувам на прекрасниот накит што го носеше иконата Елизабет Тејлор со кој постојано импресионираше“, вели Камила.
Шармантната Дијана Агрон на забавата посочи дека обожува да добива накит на подарок, појаснувајќи дека има нешто магично и ултра елегантно во моментот на подарување накит.
„Мислам дека тоа не им е од особено значење на мажите овие денови, но дефинитивно е многу добра идеја“, вели Дијана.