Ѕвездите одбраа секси комбинации од црна тантела за забавата на Карин Ројтфилд во Париз

1 октомври 2014

Како јагода на шлагот, вчеравечер во Париз светските ѕвезди го прославија неверојатно успешниот месец исполнет со голем број на модни случувања, а за крај, тие заеднички го прославија и лансирањето на петтото издание на магазинот на Карин Ројтфилд.

Тема на фамозната забава беше „Инспирирани од Карин“, посочувајќи на секогаш елегантната и модерна поранешна уредничка на париски Вог, а сега на чело на нејзиниот нов магазин CR Fashion Book.

Карин Ројтфилд Карин Ројтфилд

Вљубеничките во модата се појавија во апсолутниот хит за сезонава – црни тантелни фустани и сите изгледаа подеднакво добро! На чело на сексапилните ѕвезди во црно беа младата Селена Гомез која се појави во црн сатенски комбинезон со длабоко деколте, а зад неа не изостануваше ниту Ким Кардашијан која по којзнае кој пат го покажа бујното деколте.

Ким Кардашијан Ким Кардашијан

Забавата беше вистинско олицетворение на сексапил раскажан преку деликатни фустани од црна тантела во кои се чини оваа сезона, ѕвездите неверојатно уживаат.

Џоан Смолс и Кара Делевињ Џоан Смолс и Кара Делевињ

Во еден таков се појави и манекенката Миранда Кер, која креацијата ја украси со црвено – црн ремен на половината украсен со кристали.

Миранда Кер Миранда Кер

Редот на блескави ѕвезди во тантела го пополнија и самата уредничка на магазинот Карин Ројтфилд, која овојпат се одлучи за црн фустан со корсет со транспарентен дел од половината надолу.

Во сличен фустан се појави и блогерката Кјара Ферањи која изгледаше неверојатно тренди во целосно транспарентниот фустан со прекрасни цветни везови и со црна долна облека одоздола.

Кјара Ферањи Кјара Ферањи

Меѓу ѕвездите кои блеснаа вчеравечер во Париз, беше и Рози Хантигтон Вајтли која одбра секси комбинезон со длабоко деколте во црно – златна боја и сосема едноставна фризура и шминка.

Рози Хантингтон Вајтли и Оливер Рустинг Рози Хантингтон Вајтли и Оливер Рустинг

Секако, дел од забавата на големата Карин беше и актуелната Кендал Џенер, Кара Делевињ, Џоан Смолс, Џиџи Хадид и секогаш беспрекорната Оливија Палермо во друштво на нејзиниот сопруг, прекрасниот Јоханес Хуебл.

Оливија Палермо и Јоханес Хуебл Оливија Палермо и Јоханес Хуебл

Објавено:
1 октомври 2014
Категорија: 
Сцена