Ѕвездите во елегантни изданија на забавата на TIME 100

27 април 2016

Магазинот TIME ги прогласи највлијателните 100 личности во светот, на гламурозна забава на која сосема очекувано се појавија некои од најголемите ѕвезди на денешницата. 

Кејтлин Џенер беше една од почестените, а на забавата таа се појави во навистина елегантна црна тоалета со откриени рамена во комбинација со стилски потпетици и клач чантичка со интересен принт. 

Наградата на Кејтлин ѝ беше доделена од страна на активистот за човекови права Вејн Мејнс чија ќерка исто така трансродова личност. 

Се чини најголемо внимание на доделувањето на наградите остави прекрасната манекенка Карли Клос која за оваа пригода се одлучи за тесен виолетов фустан со тенки прерамки и елегантна фризура и шминка. 

Како што самата кажа, бојата на фустанот била внимателно одбрана со што сакала да му оддаде чест на легендарниот Принц кој почина неодамна. 

На забавата таа се појави со нејзиното  момче Џошуа Кушнер со кого ретко можеме да ја видиме, иако се навистина прекрасна двојка. 

За музичкиот дел вечерта се погрижија Ариана Гранде и Ники Минаж кои одбраа црни фустани, едната сосема секси и транспарентен, додека другата долг и впечатлив. 

На листата на највлијателни личности оваа година се најдоа 40 жени и 60 мажи кои изминатите 12 месеци го инспирирале светот на најразлични начини. 

Дел од листата се и американскиот претседател Барак Обама кој ја доби оваа чест по 11 – ти пат и основачот на социјалната мрежа Фејсбук, Марк Цукерберг. 

Оваа година, најмладата личност која беше дел од изборот на магазинот е младата и талентирана пливачка Кејти Ледеки за која се очекува да направи вистински бум на годинешната Олимпијада во Рио де Жанеиро. 

Меѓу критериумите потребни за некој да се најде на листата на престижниот магазин се и впечатокот што го оставаат кај јавноста, храброста да се „кршат“ правилата, рекордите, тишината, границите и сосема на крајот, сите мораат да покажат за што се искрено способни.

Објавено:
27 април 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.106 пати