Ѕвездите во полн сјај и секси комбинации на Билборд музичките награди

19 мај 2014

Вчеравечер во Лас Вегас се одржаа Билборд музичките награди на кои уште еднаш холивудските ѕвезди блеснаа во полн сјај, овојпат во ултра секси комбинации.

Најголем впечаток на годинешните Билборд награди остави прекрасната Џенифер Лопез која на црвениот килим се појави во долга црвена креација од колекцијата на DKNY во придружба на нејзиниот партнер Каспер Смарт.

Според многумина, годинешниот избор на тоалета на шармантната 44 – годишна пејачка, по многу работи наликуваше на зелениот незаборавен фустан на Версаче, што Лопез го носеше на Греми наградите во 2000 година.

На црвениот килим на Билборд музичките награди, прекрасни беа и Кели Роланд која се појави во ултра секси краток топ во комбинација со волуменозно долго здолниште, манекенката и сопруга на Џон Леџенд, Криси Тејген, како и сестрите Џенер и неодоливата латино заводничка Шакира.

Токму таа, имаше еден од „најжешките“ настапи на годинешното доделување на наградите, а за истиот прослави со нејзиниот партнер, фудбалерот Жерард Пике зад сцената со жешки бакнежи.

Еден од настапите на Билборд наградите за кој што ќе се зборува години подоцна, дефинитивно беше и оној на поп иконата Мајкл Џексон, кога тој се појави како холограм изведувајќи ја „Slave to the rhythm“.

Одличен настап во свој стил имаше и новата поп сензација Лорд, која ја освои и наградата за најдобар нов артист. Џастин Тимберлејк беше прогласен за најдобар изведувач за минатата година, Кејти Пери за најдобар женски изведувач, Еминем за најдобар рап изведувач, рок артисти Imagine Dragons, „Blurred Lines“ на Робин Тик, Фарел и T.I ги освои сите награди за најдобра песна, а Џастин пак, дома си замина и со наградата за најдобар албум.

Мајли Сајрус со уште еден провокативен настап Мајли Сајрус со уште еден провокативен настап

Во продолжение погледнете ги сите одлични и секси комбинации на ѕвездите кои вчеравечер блеснаа во Лас Вегас!

Објавено:
19 мај 2014
Категорија: 
Сцена