Ексклузивни фотографии од семејството Купер-Шајк со малата Леа Ди Сеин

5 јуни 2017

Магазинот Daily Mail објави ексклузивни фотографии од новите родители Бредли Купер и Ирина Шајк заедно со нивната мала ќерка Леа Ди Сеин.

Фотографиите се направени викендов во Лос Анџелес за време на една пријатна и опуштена семејна прошетка.

Родителите Шајк и Купер секогаш внимаваат на приватноста на нивниот семеен живот, затоа ваквите фотографии во медиумите се реткост.

За потсетување, топ моделот ја потврди информацијата за нејзината бременост во ноември, за време на шоуто на Викторија Сикрет во Париз.

Фото: Daily Mail

 

Објавено:
5 јуни 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.207 пати