Ел Фенинг впечатлива на црвениот килим на Берлинале

16 февруари 2018

Во Берлин вчеравечер беше отворено 68-то издание на Берлинале и тоа со премиера на филмот „Isle Of Dogs“.

Посебно впечатлива беше младата актерка Ел Фенинг, која на црвениот килим се појави во креација од модната куќа „Валентино“, од колекцијата пролет 2018 година. 

Се работи за фустан кој во долниот дел е волуменозно, широко здолниште во бела нијанса со џебови, додека годниот дел е во вид на топ-пелерина, во портокалова нијанса. Сепак, она што го прави овој фустан посебен е и сината панделка на средина. 

Необичен избор за 19-годишна актерка, но успеа да го насочи сето внимание кон себе и да направи сите да зборуваат за неа.

Гламурозно беше и изданието на Хелен Мирен, но сепак посмирено и во нејзин стил. Таа носеше фустан во А-крој, со миди должина. Деколтето има широк V-израз, а креацијата е збогатена со светкави везени монистри. 

Меѓу ѕвездите што пристигнаа на црвениот килим се и Тилда Свифтон, која одбра црн смокинг, со бело елече и црни обувки со интересна потпетица и украс во предниот дел.

Инаку, фестивалот го отфрли предлогот црвениот килим да биде “црн“ како на „Златните глобуси“, кога сите учесници носеа црни креации, но ќе ја даде поддршката на холивудското движење „Me Too“ на начин што под мотото „Не на дискриминацијата “ посетители на фестивалот кои на било кој начин биле жртва на сексуално вознемирување, ќе можат да споделат и да побараат помош.

За крај, режисерот на анимираниот филм со кој се отвори фестивалот е Вес Андерсон. За главната награда „Златната мечка“ на еден од трите најголеми светски фестивали, ќе се натпреваруваат 19 филмови, меѓу кои и „Isle of dogs“, за напуштените кучиња кои живеат на ѓубришта.

Грета Гервиг

фото извор: dailymail.co.uk;

Објавено:
16 февруари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
439 пати