Елеганција на црвениот килим на гала вечерта LACMA Art + Film 2015

9 ноември 2015

Викендов во Лос Анџелес беше оддржана петтата по ред гала вечер LACMA Art + Film 2015 со поддршка на луксузниот моден бренд Гучи.

Идејата на овој настан е да ја поддржи филмската уметност преку изложби, предавања и едукативни програми. Со оглед на тоа дека ова е еден од најпрестижните настани што се одржуваат традиционално во Лос Анџелес, голем број познати личности од филмската индустрија беа дел од гостите.

На црвениот килим заблеска Наоми Кембел во елегантен бел фустан, а нејзин партнер вечерта беше креативниот директор на Живанши, Рикардо Тиши.

Во галеријата во продолжение погледнете како изгледаа гостите што продефилираа на црвениот килим.

Објавено:
9 ноември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
840 пати