Елеганцијата го доживеа својот врв на годинешната LACMA Art + Film гала

3 ноември 2014

Оваа сабота во Лос Анџелес беше одржана традиционалната гала вечер LACMA Art + Film 2014, каде холивудските девојки се натпреваруваа во елеганција.

Оваа година, гала вечерата беше одржана во чест на режисерот Квентин Тарантино и уметничката Барбара Кругер, а поддржана од модната куќа Гучи. Веќе традиционално, четврта година по ред, на гала вечерата се појавија некои од најистакнатите имиња од светот на филмот, уметноста и модата.

Една од највпечатливите на црвениот килим на гала вечерта дефинитивно беше прекрасната актерка Кејт Хадсон, која за оваа прилика одбра долга тоалета на едно рамо во бледо розова боја и антички стил. Таа во Лос Анџелес пристигна со нејзиниот вереник, фронтменот на бендот Muse, Мет Белами кој изгледаше одлично во темно син костим.

Во темно сина боја блесна и музичката дива Џенифер Лопез која се појави во долга светкава тоалета со длабоко деколте и совршена шминка и фризура.

Она што беше особено интересно и невозможно да не се забележи, беа фантастичните еднобојни тоалети со едноставен и прав крој во грчки стил, што дефинитивно доминираа на црвениот килим.

 

Па така, во прекрасна бела можевме да ја видиме девојката на Леонардо ди Каприо, Тони Гарн, секогаш раскошната Селма Хаек, талентираната Кејт Бекинсејл, но и манекенката Кара Делевињ и ѕвездата од филмот „50 нијанси на сиво“, Дакота Џонсон.

Една од главните цели на оваа манифестација е собирањето на средства за снимање на филмови, организирање на изложби и други важни културни проекти.

Леонардо ди Каприо со корејската дизајнерка и поддржувач на настанот Ева Чоу Леонардо ди Каприо со корејската дизајнерка и поддржувач на настанот Ева Чоу

Во продолжение во галеријата, погледнете ги сите фотографии од ѕвездената гала вечер во Лос Анџелес.

Објавено:
3 ноември 2014
Категорија: 
Сцена