Елегантно издание на Ева Логорија два месеца по породувањето

6 август 2018

Во Лос Анџелес вчеравечер е одржана премиерата на филмот „Dog Days“, во кој главните улоги ги толкуваат актерките Ева Лонгорија, Ванеса Хадџенс и Нина Добрев.

Сите три се појавија на премиерата, но вниманието беше свртено кон Ева Лонгорија. Само два месеца по породувањето, 43 -годишната актерката се појави на гламурозното случување и ги воодушеви сите со својот изглед.

Таа се одлучи за бел сако-фустан, кој лежерно паѓа во пределот на стомакот, па ги сокрива сите недостатоци што треба да се сокријат, а завршува асиметрично, што ја прави креацијата поинтересна.

Сите се согласија дека Ева посебно зрачи, а актерката и меѓу медиумите, но и меѓу публиката е меѓу омилените, токму поради нејзината природност.

Имено, актерката е секогаш го прикажува вистинското лице на работите, таа нема проблем да објави фотографии без шминка и филтри, со сите убавини и недостатоципа многумина се препознаваат во нејзиниот изглед или постапки.

Како вам ви се допаѓа нејзиното последно издание?

 

Објавено:
6 август 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.258 пати