Елен Деџенерис го прослави 60-от роденден

12 февруари 2018

Познатата водителка Елен Деџенерис наполни 60 години уште на 26-ти јануари годинава, но одлучи роденденската забава да се случи неколку недели подоцна, поточно вчера.

Нема податоци за тоа каде се одржала забавата, но се знае дека на неа присуствувале голем број личности, а за тоа говорат и бројните Инстаграм објави.

Ким Кардашијан и Канје Вест, Криси Тиген и Џон Леџенд, Оливија Мун, Џенифер Анистон, Меган Трејнор, Ејми Шумер се само дел од оние што, како пренесоа на социјалните мрежи, лудо се забавувале вчеравечер.

Имено, на забавата имало и фото-кабина, па ѕвездите не ја пропуштија шансата да направат неколку интересни фотографии и да се забавуваат.

Фотографии од славеничката нема, ниту пак како било на остатокот од забавата, но благодарение на Инстаграмот на водителката, Френч Монтана исто така бил меѓу гостите и ја отпеал „Unforgettable“, една од омилените песни на Елен.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од фото-кабината:

 

 

 

 

A post shared by Ellen (@theellenshow) onFeb 11, 2018 at 7:13pm PST

 

 

A post shared by Olivia Munn (@oliviamunn) onFeb 11, 2018 at 2:38am PST

 

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen) onFeb 10, 2018 at 10:13pm PST

 

Објавено:
12 февруари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
646 пати
Извор: 
people.com