Елитата се собра на гламурозната забава на „Шопард“ во Кан

13 мај 2016

Луксузната модна куќа за накит „Шопард" речиси две децении е официјален партнер на престижниот Кански филмски фестивал и традиционално секоја година во рамките на фестивалот, ја прави најгламурозната забава.

На забавата „Шопард" 16-та година по ред ја доделуваат нивната специјална награда за млад актер, која оваа година им припадна на Бел Паули и Џон Бојега.

Луксузот е неизоставен кога е во прашање црвениот килим на овој гламурозен настан, па не е изненадување тоа што ѕвездите меѓу кои и Шерил Кол, Кирстен Данс, Жулиет Бинош, Џулиен Мур се појавија во блескави изданија, секако облагородени со накит од „Шопард".

 

Објавено:
13 мај 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.369 пати