Елтон Џон се прости од мајка си со која не зборуваше девет години

4 декември 2017

Музичарот Елтон Џон вчера во Барселона имаше концерт, кога ги слушна вестите за смртта на мајка си, Шила Фарбродер.

Двајцата не зборуваа цели девет години, како последица на кавга околу заеднички пријатели. Молкот се прекина во мај годинава, непосредно пред 90-тиот роденден на Шила.

Иако во медиумите веднаш се појавија гласини дека не е познато дали Елтон воопшто знаел дека Шила е тешко болна, тој објави заедничка фотографија на Инстаграм, со која се прости од мајка си:

 

A post shared by Elton John (@eltonjohn) onDec 4, 2017 at 1:39am PST

 

„Со голема тага соопштувам дека мајка ми почина утринава. Ја видов минатиот понеделник и сè уште сум во шок. Патувај сигурно мамо. Ти благодарам за сè. Ќе ми недостигаш многу. Те сака, Елтон“, напиша пејачот.

Инаку, без оглед на несогласувањата, таа постојано беше неговата најголема поддршка во градењето на кариерата.

Во мај годинава и двајцата потврдија дека повторно се блиски.

„Многу сум среќен што повторно сме во контакт“, напиша тогаш пејачот на својот Твитер профил.

 

фото извор: mirror.co.uk; thesun.co.uk; people.com;

Објавено:
4 декември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
853 пати