Во Њујорк вчеравечер се одржаа Ем-ти-ви музичките видео награди. Ова беше 35-тото издание на манифестацијата, која беше спектакуларно најавувана.

Една од главните ѕвезди на вечерта беше Џенифер Лопез на која ѝ беше врачена специјалната „Мајкл Џексон“ награда, а таа со својот настап покажа зошто е, не само една од најголемите ѕвезди на вечерта, туку и во светот.

Џенифер Лопез

Инаку, таа на црвениот, поточно розовиот килим, се појави во сребрена металик тоалета, креација на „Версаче“, а како да го најави трендот на вечерта.

Повеќето од ѕвездите што се појавија одбраа токму „металик“ креации. Ана Кендрик се појави во фустан со таков сјај, креација на Ралф и Русо. Ашанти исто така беше во долг металик фустан, а таков беше и на Бебе Реџа, креација на младиот Кристијан Сириано.

Ана Кендрик, Бебе Реџа, Јасмин Сандерс

Јасмин Сандерс исто така имаше тематски сличен фустан, креација на Дандас, и со право се најде на листата на најдобро облечени. На истата листа се најде и Карли Клос која блесна во креација на Ели Сааб. Оливија Мун се одлучи за виолетова металик варијанта, појавувајќи се во коктел фустан со едноставен крој, креација на Давид Кома и исто така беше една од подобро облечените.

Од друга страна беа оние што се одлучија за едноставни и еднобојни креации. Кајли Клос се појави во блејзер-фустан на „Том Форд“, додека Блејк Лајвли продолжи да го негува стилот со одела, појавувајќи се во бело одело со широки панталони и украсни ревери, креација на „Ралф и Русо“.

Карли Клос

Белјк Лајвли

Многумина ги изненади и Карди Би со својата појава. Со кратка коса и фустан што ја истакнува нејзината фигура во кралско виолетова боја, таа успеа да ги освои симпатиите на модните критичари.

Карди Би

Ако зборуваме за добро облечените, не може да не се спомене дуото Клои и Хали, кои носеа фантастични креации на Ајрис ван Харпен.

Клои и Хали

Рита Ора имаше и повеќе од провокативна креација, која повеќе откриваше отколку што сокриваше, а таков беше и случајот со Ники Минаж. Она што ја „вадеше“ целата ситуација е што тие знаат тоа да го носат, па затоа ќе ги најдете и на листата на најдобро и на листата на најлошо облечени.

Рита Ора

А кога сме кај најлошо облечените, листата е нависитна долга. Од Амбер Роуз преку Шанел Вест, Ким Петрас до Ариана Гранде, некои од ѕвездите навистина не беа сфатени со својот моден избор.

Ники Минаж

Пит Дејвидсон и Ариана Гранде

Во галеријата горе можете да ги погледнете сите што се појавија на црвениот килим.

А кога се наградите во прашање, задоволни дома си заминаа Камила Кабељо (за видео на годината и изведувач на годината), Карди Би (најдобар артист), Ариана Гранде (најдобар поп артист), Ники Минаж (Најдобар хип-хоп изведувач)...

Вечерта секако беше во знакот на Чајдлиш Гамбино и „This is America“ со три награди.

Комплетната листа пак на наградени можете да ја погледнете ТУКА.

 

фото извор: eonline.com; popsugar.com;

Објавено:
21 август 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
386 пати