Ема Вотсон и Џена Колман со највпечатливи стајлинзи на годинешните БАФТА награди

31 октомври 2014

Хотелот Беверли Хилтон вчеравечер беше местото каде се собраа голем број одважни Британци по повод годинешните BAFTA Jaguar Britannia награди каде им беа доделени признанија на оние најдобрите во неколку области.

Најголем впечаток вечерта дефинитивно остави прекрасната актерка Ема Вотсон која се појави во црно – бела комбинација, составена од нежна бела блузичка со транспарентни ракави и црни панталони со светки во предниот дел.

Подеднакво прекрасна беше актерката Џуди Денч која на црвениот килим се појави во едноставна црна креација со впечатлив накит и минимална шминка со каква впрочем и сме навикнати постојано да ја гледаме.

Дел од гала вечерата по повод БАФТА наградите беа и секогаш позитивниот актер Џејми Фокс кој се одлучи за монохроматска комбинација каде дефинитивно највпечатлива беше пеперутка вратоврската.

Заедно со неговиот колега Роберт Дауни Џуниор, кој на црвениот килим се појави со неговата бремена сопруга Сузан, тој беше еден од оние што ја направија вечерта уште поинтересна со феноменалните шеги по кои тие се познати.

Пред БАФТА наградите, се случи и одлична забава во Западен Холивуд каде се собраа бројни ѕвезди за да го означат почетокот на доделувањето на наградите.

Токму таму, дефинитивно највпечатлива беше прекрасната ѕвезда на серијата на Би – Би – Си Доктор Ху, Џена Колман која се одлучи за целосно пастелен изглед од ресортот на Бурбери.

Совршена во бело беше и шармантната актерка Лили Колинс која носеше интересна креација составена од куса блузичка и широко здолниште во А – крој што таа го комбинираше со потпетици во златна боја.

Во продолжение, погледнете како изгледаа ѕвездите на забавата во Холивуд, но и на гала вечерата на БАФТА наградите во фантастичниот Беверли Хилтон.

Објавено:
31 октомври 2014
Категорија: 
Сцена