Ен Хатавеј: Од девојка со лош стил до беспрекорна филмска дива!

4 јуни 2014

На почетокот на нејзината кариера, таа беше една од оние ѕвезди што луѓето обожуваа да ја мразат! Можеби тоа се должи на нејзиниот сосема обичен и пред сѐ, тотално реален изглед на девојка од соседството, а не на филмска дива како што сите очекуваа.

Кариерата на Ен Хатавеј официјално започна во 2001 – та година кога таа го сними хитот „ The Princess Diaries“ по што се очекуваше таа и приватно да има вистински стил на принцеза. Наместо тоа, многупати таа на црвениот килим знаеше да се појави во сосема обични панталони и маичка во комбинација со „чудна“ чанта и уште почудни чевли со непознати додатоци.

Она што се чини најмногу им сметаше на луѓето кај оваа млада и надежна актерка е тоа што таа се однесуваше сосема нормално каде и да се појавеше и се чинеше како да не се грижи доволно за својот изглед, затоа што пред сѐ, како што таа ќе каже, таа е само една сосема обична и нормална девојка!

Но, откако нејзиниот стил, за среќа, замина во рацете на одличната и креативна стилистка Рејчел Зое, таа почна да станува вистинска холивудска дива! По две години, го сними и „The Devil Wears Prada“ по кој полудеа девојките ширум светот и се чини, после тоа не смееше да погреши со изборот на облека бидејќи беше во центарот на вниманието и од неа единствено се очекуваа комбинации направени со стил!

Како што поминуваше времето, шармантната Ен се изгради и во неверојатно добра и талентирана актерка која што постојано добиваше одлични улоги во кои се снаоѓаше неверојатно добро. Таа даде сѐ од себе во одличниот историски „Becoming Jane“, потоа во драмата „Rachel Getting Married“, па по неколку години и во тотално женскиот „Brides“.

Но, вистинските и големи улоги за Ен Хатавеј се случија некаде во 2010 кога таа одигра феноменална улога во омилениот „Love & Other Drugs“, а потоа и во The Dark Knight Rises и секако во „Les Misérables“ за што сосема заслужно доби и Оскар.

Оттогаш, за Оскар секако се и нејзините непогрешливи (со неколку исклучоци) комбинации во кои таа се појавуваше на црвениот килим, но и приватно.

Сосема природна и лежерна, актерката скоро секогаш се одлучува за шармантни тоалети во нежни и меки бои кога станува збор за свечени настани, но и за елегантен и во исто време лежерен стил кога станува збор за едноставна прошетка или ТВ појавување.

Иако на почетокот на оваа година таа ја прекина соработката со нејзината 10 – годишна стилистка Рејчел Зое и премина во рацете на Пени Ловел, 31 – годишната актерка изгледа подобро од кога и да е.

Ен Хатавеј заедно со нејзиниот сопруг Адам Шулман Ен Хатавеј заедно со нејзиниот сопруг Адам Шулман

Доколку не се сеќавате на почетоците на прекрасната актерка, потсетување имате во галеријата подолу, а погледнете ги и нејзините нови фотографии за да се уверите во неверојатното подобрување на стилот на талентираната Ен Хатавеј.

Објавено:
4 јуни 2014
Категорија: 
Сцена