Ева Мендес спои два големи есенски тренда

17 септември 2018

Откако стана мајка, сктерката Ева Мендес навистина ретко се појавува во јавност. Меѓутоа, како заштитно лице на модниот бренд New York & Company. неодамна се појави на модната недела во Њујорк, да ја презентира новата колекција.

Но, она што навистина го привлече вниманието беше нејзиниот изглед и миленичето што ѝ правеше друштво на сцената. 

Таа се појави во кариран костим, кој го надополни со ремен и обувки во леопард принт. На тој начин, Мендес спои едни од најголемите трендови за сезоната. 

„Навистина го сакам овој костим. Тоа не е нешто што инаку би го носела, но има нешто во овие риги, нагласените раменица и „молив“ здолниште. Иако не е мој вообичаен избор, навистина ми се допаѓа“, изјави актерката.

Она што е сигурно е дека одлично изгледа во него, а воедно може да биде инспирација за тоа како можете да ги искомбинирате посочените трендови и да изгледате софистицирано и моќно.

фото извор: people.com; 

Објавено:
17 септември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.298 пати