Еве како Џенифер Лопез го прослави 49 – тиот роденден!

25 јули 2018

Музичката дива вчера го прослави својот 49 – ти роденден, а сосема очекувано, направи забава за паметење на Бахамите.

На фотографиите што таа и нејзиното момче Алекс Родригез ги објавија на Инстаграм профилите, се гледа како тие уживаат на Бахамите заедно со нивните семејства.

На 49 години, таа изгледа подобро од кога и да е, а тоа го докажа и со фотографиите од роденденот на кои можеме да ја видиме во црни бикини и големи обетки по кои е препознатлива.

Нејзиниот сакан, со кој врската ја почна минатата година, на Инстаграм постојано објавуваше фотографии од роденденот на кои може да се види дека тие навистина добро се забавувале.

Под фотографиите тој објави и прекрасна порака преку која и ја посака сета среќа на светот на неговата сакана.

„Кога бевме деца, родендените беа возбудливи поради подароците што ги добивавме. Чевли за играње, ЦД и што уште не. Гледам како тоа се промени за Џенифер и како денеска таа е среќна кога ги дели работите со другите. За некој што дава сè што може 365 дена во годината – на нашите деца, нашето семејство, светот, се надевам дека денеска ние можеме да ти ја дадеме целата наша љубов која ја заслужуваш. Те сакам многу“, напиша тој под фотографиите.

Објавено:
25 јули 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.472 пати