Овој февруари прекрасната Амал објави дека очекуваат близнаци со нејзиниот сопруг Џорџ Клуни, а оттогаш постојано нѐ радува со некои фантастични комбинации кои одлично и прилегаат.

Последно можевме да ја видиме во едноставно, но впечатливо портокалово фустанче на Диор во комбинација со палто во крем нијанса, цветни чевли и кафена чанта.

Нејзиниот стил во бременоста е вистинско олицетворение на неодолива женска елеганција, гламур и софистицираност, каков што впрочем и отсекогаш бил.

Многумина нејзиниот стил ќе го споредат со оној на Џеки Кенеди, благодарение на одлично скроените палта и фустани на кои се чини дека е голем обожавател.

Оваа прекрасна адвокатка изгледа подеднакво прекрасно и во лежерните комбинации кои ги одбира за прошетките или патувањата со нејзиниот сакан, на кои најчесто можеме да ја видиме во фармерки и некоја блузичка во комбинација со рамни чевли.

Дека е вистинска дама и во бременоста докажуваат и свечените комбинации во кои можеме да ја видиме на разните настани со кои се појавува со нејзиниот сопруг, а последно можевме да ја видиме во прекрасна бела креација на Версаче на доделување на филмските награди Цезар.

Сите шпекулации почнаа кога таа се појави во кусо цветно фустанче на Долче и Габана на нивната хуманитарна забава во Лондон, каде за прв пат го покажа трудничкото стомаче.

Оттогаш, таа е вистински пример за тоа како треба да изгледа една дама во бременоста, а доколку и вие сте во иста состојба и ви треба малку инспирација, задолжително погледнете ја галеријата.

Објавено:
30 март 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.206 пати