Филмска грациозност на црвениот килим во Венеција

1 септември 2014

Во срцето на земјата која е позната по градот на светлината, шпагетите, Колосеумот, убавите жени, шармантните мажи и модата, Италија, деновиве особено е актуелно 71-то издание на Венецискиот филмски фестивал. Прес конференциите, премиерите, забавите и дружењата се секојдневието на ѕвездите кои се дел од ова големо збиднување.

Кетрин Денев, Кјара Мастројани и Шарлот Геинсбург Кетрин Денев, Кјара Мастројани и Шарлот Геинсбург

На четвртиот ден на Венецискиот филмски фестивал се одржаа неколку интересни премиери, а онаа која ги разбранува страстите на публиката беше дефинитивно премиерата на филмот „Three Hearts“.

Кетрин Денев во Жан Пол Готје Кетрин Денев во Жан Пол Готје

Главната ѕвезда на црвениот килим беше музата на Жан Пол Готје, неодоливата Кетрин Денев која ја игра главната улога филмот. На црвениот килим покрај Денев ги видовме Кјара Мастројани и Шарлот Геинсбург кои во филмот ја играат улогата на нејзини ќерки.

Кјара Мастројани и Кетрин Денев Кјара Мастројани и Кетрин Денев

Француската актерка на премиерата се појави во виолетова тоалета, која во предниот дел има вметнато беж парче, украсено со црна мрежа, потпишана од единствениот Жан Пол Готје. Креацијата беше комбинирана со црна клач-чанта од последната колекција на Фенди, црни чевли на потпетица, златни обетки и алки.

Кјара Мастројани во Кристијан Диор Кјара Мастројани во Кристијан Диор

Кјара Мастројани носеше прекрасен коктел фустан во темно зелена нијанса кој е комбинација од транспарентна мрежа низ која шармантно е навезена зелена тантела, kреацијата дизајнирана од Кристијан Диор. Шарлот Геинсбург пак, зрачеше во дводелна комбинација на светкаво здолниште со шлиц во предниот дел и топ маичка, дело на модната куќа Луј Витон.

Ума Турман  Ума Турман

Во рамките на филмскиот фестивал со поддршка на модната куќа за накит Шопард и списанието Vanity Fair, беше претставена изложба на фотографии насловена „Зад сцената“ на која како специјален гостин се појави ѕвездата од филмот „Kill Bill“, актерката Ума Турман. Убавата русокоса актерка се појави во дводелна  креација со плисирано здолниште. Секако накитот што го носи е со потписот на Шопард. Станува збор за дијамантски ѓердан и алка кои комплетно соодветствуваа со сандалите на потпетица. Фотографиите на изложбата ги прикажаа златните години на италијанската кинематографија кога Марчело Мастројани, Аита Екберг, Ален Дело, Софија Лорен и Одри Хепберн не пленеја со своите улоги во легендарните филмови „La Dolce Vita“, „War and Peace“, „Cleopatra“ и други.

Ал Пачино и Луција Аш Ал Пачино и Луција Аш

Како дел од премиерните изданија свое место сосема заслужено на Венецискиот филмски фестивал имаше и филмот „Humiliation“, во кој главната улога ја игра незаменливиот Ал Пачино.

Констанс Јаблонски во АЛберта Ферети Констанс Јаблонски во АЛберта Ферети

Актерот се појави во црна варијанта на костум кој го комбинираше со црна кошула и вратоврска и лаковани чевли. На црвениот килим ја видовме и грациозната Констанс Јаблонски повторно во креација на Алберта Ферети. Станува збор за долг фустан во бела боја, чиј горен дел е има рачно навезена апликација на колоритни цветови и тантелни долги ракави. Како дел од гостите на црвениот килим ја видовме и дизајнерката Алберта Ферети.

Катрин Хан и Овен Вилсон Катрин Хан и Овен Вилсон

Големо внимание привлекоа уште две премиери  на филмовите „Without love to blame“ и „99 houses“. Како резултат на тоа на црвениот килим можевме да видиме плејада од ѕвезди меѓу кои Овен Вилсон, кој се појави во комбинација на сако и панталони во тегет нијанса со бели линии, со бела кошули на сини пруги и тегет вратоврска со бели линии. Друштво му правеше елегантната Катрин Хан, која беше облечена во црна тоалета дело на модната куќа Марни. Особено впечатлив беше горниот дел на фустанот кој го красеше црн елек изработен во форма на мозаик од масивни сјајни камења.

 

 

Објавено:
1 септември 2014
Категорија: 
Сцена