Форбс: 30-те највлијателни личности под 30 години

5 јануари 2017

Магазинот „Форбс“ вчера ја објави листата на 30-те највлијателни личности под 30 години во 2016 година.

Успешните млади луѓе се поделени во неколку категории – арт и дизајн, музика, медиуми, спорт, Холивуд, финансии итн...

Инаку, за првпат годинава, доделени се и признанија на луѓе од дигиталниот свет, односно меѓу највлијателните се и блогери од различни области.

Така, меѓу оние што ја одбележаа минатата година се Хилари Даф (29), Маргот Роби (26), Кајли Џенер (19), која доби признание за успех на нејзиниот бренд „Кајли Козметикс“, потоа плус-сајз моделот Ешли Грем (28), Џејсон Деруло (26), како и јутјуб ѕвездата Камерон Далас (22), модните блогерки Кристина Базан (22) и Даниел Бернштајн (24), Инстаграм сензацијата од насловната на CoverGirl, Џејмс Чарлс (17).

Комплетните листи по категории можете да ги видите на линкот тука.

Објавено:
5 јануари 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.062 пати