Фото: Раскошната свадба на Рафаел Надал и Мери Перељо во Шпанија

21 октомври 2019

Тенискиот ас Рафаел Надал викендов се ожени со неговата долгогодишна љубов, прекрасната Мери Перељо на раскошен имот во Мајорка, Шпанија.

Двојката, која е во врска 14 години, го кажа судбоносното „да“ на прекрасната тврдина La Fortaleza која ја купи Лордот Луптон во 2011 – тата година за неверојатни 30 милиони долари.

Токму таму беше и свадбената прослава со повеќе од 350 гости, а шармантната невеста се движеше по долгиот олтар украсен со миризливи цвеќиња.

Мери или Мариа Франциска Перељо како што гласи нејзиното цело име, носеше романтична венчаница од познатиот шпански бренд Rosa Clara со долги ракави и горен дел рачно изработен од прекрасен деликатен материјал, додека долниот дел беше свилен.

Надал пак, изгледаше подеднакво елегантно во целосно сив костум со бела кошула и сива вратоврска. Тој не ја тргаше насмевката од лицето додека ја гледаше неговата девојка како се движи кон него.

Рафаел и Мери официјално објавија дека се свршиле во јануари, иако тенискиот ас големото прашање го поставил во мај 2018 – тата додека биле на романтично патување во Рим.

„Многу би сакал да имам деца, момчиња, девојчиња, јас сум човек што сака деца и сакам да имам големо семејство“, изјави Надал во една прилика.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
21 октомври 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.878 пати