Фотографија од Моника Белучи од почетокот на нејзината кариера

20 декември 2017

Актерката која важи за една од најубавите жени, Моника Белучи, на својот Инстаграм профил објави нејзина фотографија фотографирана пред 30 години.

Тогаш 23-годишната Белучи активно била ангажирана во модните кругови како модел, а фотографијата е за насловната страна на италијанскиот Elle.

Во коментарите под фотографијата ќе прочитате коментари дека Белучи изгледа подеднакво привлечно и сега со нејзините 53 години.

Инаку во текот на својата кариера, Белучи не правела екстремни трансформации во нејзиниот имиџ, па долгата црна коса и изразените облини секогаш биле нејзин карактеристичен печат.

„Не се оптоварувам премногу со својот изглед. Мислам дека премногу слабо не значи исто што и убаво. Јас сум жена со облини. Исто така не посетувам теретана, а обожувам да јадам чоколадо и тестенини и често со моите пријателки одам во ресторани", е една од нејзините познати изјави на тема физички изглед.

Со полни 50 години, Моника ја играше познатата улога на Џејмс Бонд девојка, со што е највозрасната актерка која се појавила во оваа ролја, а тоа доволно зборува дека годините никогаш не и преставувале некаков проблем или пречка во кариерата.

 

Објавено:
20 декември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.552 пати
Тагови: 
Моника Белучи