Фустан за жени со облини: Ева Лонгорија изненади со провокативниот стајлинг

17 октомври 2019

Во Лос Анџелес неодамна се одржа десеттата по ред amFar гала. Меѓу присутните беа и актерките Гвинет Платроу и Ева Лонгорија, кои го привлекоа вниманието не само на тамошните гости, туку и на медиумите.

Имено, Ева се појави во не така својствено издание за неа, истакнувајќи ги храбро облините. Долгиот окер фустан кој ја следи линијата на телото, со смело деколте и сосема гол грб, во преден план го ставија сексапилот на 44-годишната актерка.

Од друга страна, Гвинет Платроу беше романтична, носејќи долг фустан со прав крој од најновата колекција на Адам Липес. Предниот дел на фустанот е украсен со монистра во форма на цветови, а ваков модел одлично им прилега на оние што се спротивни на градбата на Ева Лонгорија-  имаат вистина и не така изразени облини.

Гостите на галата ги забавуваше Кристина Агилера, која со природната шминка, но впечатливиот сценски костим беше доволно драматична да ги сврти погледите кон себе.

За потсетување, amFar gala е настан на кој секоја година се доделуваат признанија на личности од јавниот живот кои на било кој начин придонеле во борбата против СИДА

Чиј изглед најмногу ви се допаѓа?

Објавено:
17 октомври 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.331 пати