Фустанот пеперутка за кој сите зборуваат се работел 125 дена

14 мај 2018

Индиската актерка Аишварија Раи успеа да го привлече сето внимание викендов на Канскиот филмски фестивал, а благодарение на фустанот што го носеше.

Се работи за креација на дизајнерот Мајкл Синко, кој работи во Дубаи, во форма на пеперутка, која ги воодушеви сите.

„Фустанот го создадов како рефлекција на неопипливиот сон на метаморфозата на пеперутките“, изјави дизајнерот за „Харперс базар“.

Креацијата изобилува со бои, од ултра-виолетова, до темносина, но и од скапоцени камчиња. Фустанот е комплетно покриен со Сваровски кристали. 

Ако одблиску го видите фустанот, ќе забележите за колку посветена работа станува збор, а во контекст на ова оди и информацијата дека се изработувал 3.000 часа, односно околу 125 дена (без престан).

Впечаток остава и „опашката“ на фустанот долга дури шест метри.

Инаку, фустанот бил претходно направен за изложба на Сваровски, а за оваа пригода дизајнерот соработувал блиско со актерката и нејзиниот тим, за да ги направат мали преправки за да ѝ стои совршено како што и беше случај.

За потсетување, Аишварија Раи и минатата година носеше фустан од истиот дизајнер, кој сите ги потсети на синиот фустан на Пепелашка. 

Инаку, актерката, која во 1994 година ја осви и титулата „Мис на свет“, во Кан беше придружувана од нејзината петгодишна ќерка Арадија.

 

Објавено:
14 мај 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.426 пати