Гал Гадот го носи најстилскиот црн комбинезон сезонава

4 март 2019

Прекрасната 33 – годишна актерка Гал Гадот изгледаше сензационално во стилски црн комбинезон на ревијата на Живанши во Париз.

Таа се одлучи за неверојатно елегантно парче од пред есенската колекција на модниот бренд на чија ревија присуствуваше, а како и секогаш, изгледаше магично.

Актерката која неодамна заврши со снимање на второто продолжение на неверојатно успешниот Wonder Woman, елегантниот комбинезон со светкав горен дел го комбинираше со суптилен сребрен накит и црни сандали на висока потпетица.

Нејзиниот изглед е доказ дека дамите изгледаат совршено во едноставни стајлинзи и дека добриот црн комбинезон е одличен избор за било која пригода.

Гал, која потекнува од Израел, е позната по нејзината природна убавина и секогаш стилски комбинации, па така воопшто не беше за изненадување и овој нејзин изглед.

Инаку, светот ја запозна оваа прекрасна девојка како Мис Израел во 2004 – тата година, а потоа служеше во израелските воени сили, по што започна нејзината актерска кариера додека истовремено студираше право и меѓународни односи.

Таа стекна светска слава со улогата во Wonder Woman кој заработи повеќе од 800 милиони долари од прикажувањата ширум светот, а во 2020 година ќе ја гледаме во продолжението на филмот Wonder Woman 1984.

Фото: Pinterest

Инфо и фото: Daily Mail, Pinterest

Објавено:
4 март 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
526 пати