Германска забава на британски начин: Стела Мекартни е одлична домаќинка во Минхен!

20 септември 2014

Британската дизајнерка Стела Мекартни организираше одлична забава во пивската градина Емерамсмул во Минхен изминатиот четврток, во рамки на почетокот на прославувањето на традиционалниот фестивал Октоберфест.

Таа ја организираше забавата во соработка со луксузниот онлајн бутик Митереса, а на истата гостите уживаа во одличната вегетаријанска храна, многу шампањско и дел од квалитетните локални пива.

За да се додаде дополнителен германски дух на нејзината забава, дел од вечерта беа и голем број танчери и пејачи облечени во традиционални германски облеки.

Секако, покрај самата дизајнерка, најстилски вечерта беа нејзините манекенки кои изгледаа неверојатно шик во парчиња од нејзината последна, пролетна колекција која многу наскоро ќе се најде на продажба на онлајн бутикот Митереса.

„Многу сакав да организирам ваква забава и да бидам дел од оваа прекрасна и неверојатна германска традиција со тоа што ќе донесам малку од светот на Стела во Минхен“, изјави дизајнерката.

Објавено:
20 септември 2014
Категорија: 
Сцена