Гламур на галата на Vogue Paris

8 јули 2015

Во Palais Galliera  вчеравечер Фондацијата на француското издание на Vogue одржа гала вечер. Ова е втора година како се одржува, а има за цел да го зголеми фондот за придобивка на нови парчиња и да го поддржи и промовира современиот дизајн.

Како и повеќето настани што се одржуваат за време на актуелната модна недела за Висока мода, и овој го носи епитетот гламурозен. Бројни гости од модниот свет дојдоа да ја поддржат идејата на Фондацијата.

collage1

Исто така, тоа беше и доказ дека моделите не мируваат. Помеѓу ревиите и подготовките, добар дел од нив одвои време да се појави и вчера и со беспрекорниот изглед да ја разубават манифестацијата.

Џоан Смолс и Наоми Кембелсе одлучија за црни креации со транспаретни детали, што се покажа како водечки тренд меѓу познатите, секако во комбинација со високи потпетици.

Наоми Кембел во Барбери Наоми Кембел во Барбери

Но, тие не се единствените што привлекоа внимание. Кој се' присуствуваше погледнете во продолжение:

Објавено:
8 јули 2015
Категорија: 
Сцена