Гламурот на „GQ“ наградите на годината

7 септември 2016

Во Лондон вчеравчер се одржаа годишните награди на британското издание на машкиот магазин „GQ“.

Гламурот беше очекуван, а најмногу внимание привлекоа моделите Бела Хадид и Ешли Греам.

Бела блесна во прекрасна пастелно розова тоалета на „Хуго Бос“, додека нејзината колешка ги измами погледите благодарение на секси тоалета со длабок шлиц и деколте.

Бела Хадид

Ешли Греам

И Дејзи Лоу имаше моден погодок, со црната тоалета со голи раменици, како и актерката Кели Рорбах која ги собра симпатиите со цветниот фустан со асиметрична должина.

Дејзи Лоу

Кели Рорбах

Меѓу присутните беше и пејачката Ели Гоулдинг, која исто така се појави во кусо светлорозово фустанче со 3Д цветови на „Маркеза“, истакнувајќи ги нозете. Сепак, дел од британските медиуми ја вброија во најлошо облечените таа вечер, посочувајќи дека пејачката изгледала дебело и несразмерно.

Ели Гоулдинг

А кога сме кај најлошо облечените, меѓу нив е и Лили Кол, чиј избор многумина ги потсети на ноќница или домашен фустан.

Лили Кол

Кога се мажите и стилот таа вечер во прашање, моделот Дејвид Ганди е апсолутен победник.

Дејвид Ганди

Вниманието го привлекоа и актерот Крис Пајн, со црно-белата свечена комбинација како и спортистот Том Далеј, кој се појави во црно одело со бел принт.

Том Далеј

Како изгледаа останатите ѕвезди погледнете во галеријата. Инаку, меѓу наградените е и Алесандро Микеле, кој е дизајнер на годината. Жена на годината е Ејми Шумер, додека интернационален маж на годината е Крис Пајн.

Објавено:
7 септември 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
935 пати