Гламурозна мода на луксузната забава на „Шопард“ во Кан

20 мај 2015

Познатите што присуствуваат на актуелниот Филмски фестивал во Кан, направија „пауза“ од црвениот килим со луксузната забава што традиционално во рамките на овој настан  ја организира познатиот бренд за накит, „Шопард“.

Елитата собрана на француската ривиера, апсолутно се покажа во своето најгламурозно издание.  Дамите одбраа софистицирани тоалети, најчесто во бела боја или во златни, сребрени и бакарни нијанси, украсени со скапоцени камења и совршено надополнети со накит од престижниот бренд.

Топ моделите Ирина Шајк и Адријана Лима беа апсолутни фаворити на медиумите,  и двете облечени во бело. Лима носеше едноставен фустан со висок шлиц, додека пак Шајк беше магична во тренди комбинезон.

Листата на познати гости ја надополнија и: Мишел Родригез, Попи Делевињ, Изабели Фонтана, Ума Турман и уште многу други звучни имиња од шоу бизнисот.

 

Објавено:
20 мај 2015
Категорија: 
Сцена