Во тесен пастелно син фустан, Џенифер Лопез го украде вниманието на забавата на брендот Guess, чие и заштитно лице е на последната кампања.
Очекувано фустанот е од истиот бренд, а таа го искомбинира со крзнена бунда во истата нијанса. Да биде гламурот уште поизразен, одбра дијамантски накит.
Белата клач чанта и чевлите во беж нијанса со транспарентни делови ја дополнија комбинација. Многумина ги изненади и фризурата на пејачката.
Најчесто ја гледаме во совршени пунџи или пуштена коса, но овој пат одлучи да ја собере и да ги пушти кадриците нанапред.
На забавата се појави во друштво на својот партнер, Алекс Родригез, кој за оваа пригода се одлучи за темносино кадифено сако, бела кошула и темни панталони и чевли.
Мислењата околу изгледот на Џенифер се поделени. Некои сметаат дека изгледа неверојатно гламурозно и префинето, додека други сметаат дека пастелните бои не се баш најдобар избор за неа.
Што мислите вие?