Гламурозното издание на Брижит Макрон

20 март 2018

Емануел и Брижит Макрон вчера им посакаа добредојде на војводата и војвотката од Луксембург, Анри (62) и Марија Тереза(61). 

Ова е прва официјална на Луксембург на Франција во последните 40 години. По тој повод во Елисејската палата беше организирана и свечена вечера.

За таа цел, Брижит се појави, според многумина, во најгламурозното издание до сега. Првата дама на Франција носеше долга свилена креација со бисерен сјај, со долги ракави и V-израз во делот на деколтето. 

Креацијата е збогатена со дел од друга ткаенина со металик ефект, а во пределот на околувратникот. Токму тој придонесува за уште поголем глам-ефект. 

Изгледот го комплетираше со собрана фризура и беж салонки. 

За истата пригода, Марија Тереза носеше зелена креација со асиметрични карнери.

Како ви се допаѓа овој избор на Брижит Макрон?

Објавено:
20 март 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.472 пати