Лиса Рина 2005 (лево) - 2015 (десно)
Актерката Лиса Рина на забавата после доделувањето на Златните глобуси што се одржа на 11-ти јануари, се појави во фустан, што го носеше на еден хуманитарен настан пред 10 години.
Згодната 51-годишна ѕвезда од серијата Merlose Place во оваа тоалета ги покажа сите атрибути, па многумина ѝ позавидоа на фигурата, како и на фактот дека годините воопшто не ја промениле.
Фигурата и фризурата се исти, но сепак некои разлики беа и тоа како воочливи. Иако е послаба од пред 10 години, сепак нејзините гради се помали драстично помали, а промени има и кај усните. Рина никогаш не криеше дека е љубител на естетските корекции и ботокс.
Пред две години призна дека силиконите од устата ги извадила, но ако судиме според оваа фотографија, истото го направила и со градите.
Сè уште не се знае дали појавувањето во истиот фустан е намерна одлука, или пак се надевала дека никој нема да забележи. Како и да е, Лиса повторно се здоби со медиумско внимание.