Година на разводи: Крај и на бракот на Аврил Лавињ!

3 септември 2015

По две години заеднички живот, Аврил Лавињ вчера на својот Инстаграм профил објави дека го раскинува бракот со фронтменот на познатата рок група Никелбек, Чед Кругер. 

„Многу ми е тешко што морам да ви кажам дека јас и Чед го објавуваме нашиот развод денеска“, напиша канадската музичка сензација објавувајќи фотографија од нивната венчавка на социјалните мрежи. 

Таа додаде и дека не само во нивниот брак, туку и во заедничката музика имаат безброј моменти кои што ќе ги паметат засекогаш. 

„Ние сѐ уште сме и секогаш ќе бидеме најдобри пријатели и ќе се грижиме еден за друг. На нашите семејства и пријатели, им благодариме за огромната поддршка“, напиша пејачката. 

Овие денови, на големо се шпекулира дека и бракот на Жизел Бундшен и Том Брејди се распаѓа. Овие шпекулации уште повеќе се зголемија откако беше објавено дека двојката има проблеми поради спортската афера Deflategate во која е вмешан рагбистот. 

Последните информации велат дека манекенката дури најмила и адвокат за разводот, но и дека Брејди не ја сфатил сериозно. 

„Том мисли дека ова е само закана од Жизел. Но, таа е дефинитивно сериозна. Работите се многу напнари сега. Мислам дека ова е крајот за нив двајцата“, вели извор близок до двојката за Дејли Мејл. 

Годинава, некои од најголемите холивудски ѕвезди ставија крај на нивните долгогодишни бракови и врски, меѓу кои и Гвен Стефани, Риба Мекинтаер, кантри пејачот Блејк Шелтон, Сиена Милер, Кортни Кардашијан, Џенифер Гарнер и други.

Објавено:
3 септември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.348 пати