Голди Хоун и Курт Расел вљубени во Италија

11 јуни 2019

Иако никогаш не стапија во брак, Голди Хоун и Курт Расел се пример за тоа како изгледа вистинската љубов.

Двојката е заедно од 1983 – тата година, заедно имаат две деца, покарај популарната актерка Кејт Хадсон (ќерка на Голди од претходниот брак со Бил Хадсон), која неодамна го доби второто дете, ќеркичката Рани.

Дека и денеска се среќно семејство докажуваат и фотографиите кои се снимени деновиве на нивниот одмор во Позитано, Италија.

Тие уживаа во друштво со момчето на Кејт и нивната новородена ќеркичка, но и со група пријатели со кои посетија некои од најпознатите ресторани таму.

Нивната врска дефинитивно е една од најдолгогодишните во Холивуд, која иако се заколнаа дека никогаш нема да ја крунисаат со брак, се чини дека ќе трае засекогаш.

Двојката изгледаше вљубено во секој момент од нивниот заеднички одмор и беше и повеќе од очигледно дека уживаат заедно додека крстареа по брегот на Италија.

На фотографиите, 73 – годишната актерка изгледаше одлично во совршен летен фустан со карнери, додека нејзиниот 68 – годишен партнер се одлучи за полежерна комбинација составена од маица и куси панталони.

Погледнете како изгледаат познатите актери уживајќи во прекрасната Италија.

  

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
11 јуни 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.247 пати