Гучи со одлично модно шоу и шармантен прв ред

20 февруари 2014

Модната куќа Гучи на чело со креативната директорка Фрида Џанини на вчерашното модно шоу приредија вистински перформанс кој го најави големото враќање на кроевите, формите и линиите карактеристични за ’60-тите години. Супериорни секојдневни комбинации со примеси на андроген стил наменети за жените кои знаат како да го сонуваат својот моден израз.

 

 

Ревијата која ја организираше оваа модна етикета, во склопот на Миланската модна недела приреди фантастичен старт во презентирање на имагинативни женствени визии и уште еднаш покажа зошто модните парчиња од овој бренд се меѓу најпосакуваните кај публиката и ѕвездите. Во првите редови веднаш до пистата се најде модната уредничка на италијански Vogue, Франка Соѕани, актерката Селма Хајек и многу други познати личности од јавниот живот, претставници на модната индустрија и посетители.

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
20 февруари 2014
Категорија: 
Сцена