Гвен Стефани е заштитно лице на новата колекција лакови X OPI

11 октомври 2013

 

Американската пејачка, дизајнерка и години по ред една од најдобро облечените ѕвезди во светот, Гвен Стефани, оствари соработка со брендот  OPI, со цел да ја пласираат на пазарот новата линија лакови за нокти во најтренди бои и нијанси. OPI, мошне успешно ја продолжува серијата на соработки со музичките легенди, претходно нивно заштитни лице беше Мараја Кери, така да се надеваме дека како и претходната и оваа линија ќе направи вистински бум и ќе и донесе голем успех на компанијата.

 

 

Новата колекција е инспирирана од музиката која како правец има големо влијание во модниот свет, а OPI, не кријат дека според нив Гвен е вистинската личност за тоа.

 

 

„Како успешна пејачка и дизајнерка, Гвен е личноста која ги исполни нашите критериуми. Нејзин заштитен знак се црвените, усни, впечатливата шминка и секогаш генијално лакираните нокти. Шминката за неа претставува еден од основните состојки во креирање на модниот склоп“, изјави Сузи Вајс Фишман, креативна директорка на OPI.

 

 

Колекцијата лакови за нокти се закити со епитетите драматични и гламурозни и нуди хит нијанси инспирирани од стилот на Гвен, а секој лак има и свој оригинален наслов: "Over & Over A-Gwen", "Hey Baby", "I Sign in Color", "Love.Angel.Music.Baby", "4 in the Morning", "In True Stefani Fashion" i "Push and Shove", а во продажба ќе се најде како што напоменавме погоре после Нова Година со цена од 9 долари за парче.

Објавено:
11 октомври 2013
Категорија: 
Сцена