Гвинет Палтроу се омажи по втор пат

16 април 2018

Актерката Гвинет Палтроу викендов во Лос Анџелес организираше забава на која присуствуваа околу 400 гости, а за која светските медиуми денес зборуваат дека е всушност нејзина втора, тајна свадба.

Имено, таа минатата недела во друштво на најдобрите пријателки, отпатува за Мексико, каде и се случи моминската вечер, а завчера театарот во Лос Анџелес беше местото каде пристигнаа бројни познати ѕвезди, дотерани и со пораки за среќен брак на актерката и нејзиниот избраник, продуцентот Бред Фалчук. 

Гвинет се појави во бордо фустан, креација на Џамбатиста Вали, додека Фалчук се одлучи за бело сако и црни панталони со пеперушка. Нејзиниот избор натера многумина да се запрашаат дали се работи за прослава на свршувачката (која претходно се случи во тајност) или за венчавка

На забавата се појави и мајката на актерката, која носеше фустан во навлака на која пишува „Моник Луилие“, па се претпоставува дека токму тоа била и венчаницата на Гвинет. Моник е една од омилените дизајнерки на холивудските ѕвезди и токму неа често ѝ ја даваат довербата кога е венчалниот фустан во прашање. 

Она што е сигурно е дека голем број пријатели дојдоа да ја прослават нивната љубов, а меѓу нив и Џенифер Анистон која се појави во едноставен, тесен црн фустан и црн чокер. Овој за неа веќе проверен и препознатлив стил функционира одлично и ѝ ја истакнува фантастичната линија.

Црната беше изборот и на Рис Витерспун која се појави во мини фустанче, како и на Џулија Робертс, која носеше светкав комбинезон.

Бремената Кејт Хадсон одбра долг жолт фустан со карнери, одека пак Камерон Дијаз се одлучи за црвен светкав фустан на преклоп.

Лив Тајлер беше облечена во црно свечено одело, што е асполутен тренд веќе неколку сезони, додека Деми Мур се одлучи за портокалово-црвена креација со мрежа и апликации.

На забавата присуствуваше и режисерот Стивен Спилберг, но и моделот Карли Клос која имаше впечатлива златна креација.

Своите честитки за овој посебен ден за нив упати и партнерот на дизајнерот Валентино, Џанкарло Џиамети, преку Инстаграм профилот: „Овие двајца прекрасни луѓе, и одвнатре и однадвор ќе се свршат утре. Гвинет и Бренд ве сакам и жалам што не можам да бидам со вас“.

За сега, во медиумите не се појавија други фотографии од забавата во саботата, ниту пак од Гвинет во венчаница.

Џенифер Мејер

Рашида Џонс

 

фото извор: dailymail.co.uk; popsugar.com;

Објавено:
16 април 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.812 пати