Популарната 46 годишна манекенка Хајди Клум секоја година има најдобра маска за Ноќта на вештерките, но вчеравечер се надмина себеси.

На забавата што таа секоја година ја организира во Њујорк германскиот топ модел се појави во неверојатен костум на вонземјанин кој беше изработен до совршенство.

Пред да се појави на забавата, таа објави неколку фотографии на социјалните мрежи на кои се гледаше како се подготвува, но целосниот изглед беше едноставно неверојатен.

Според многумина, ова беше најкрвавиот и дефинитивно најдобар костим досега, иако знаеме дека таквите ги имаше во изобилие.

Заедно со неа на забавата пристигна и нејзиниот сопруг Том Каулиц облечен како крвав космонаут, а друштво им правеше неговиот брат близнак Бил, кој за забавата се претвори во ликот на Чуветел Еџиофор од филмот Maleficent: Mistress of Evil.

Како и секоја година, забавата на Хајди во Њујорк беше најпосетена, па така на истата во гламурозни костуми пристигнаа ѕвезди како Мараја Кери, облечена како рокерка, Ники Хилтон како слугинка, Нил Патрик Харис со сопругот како близначките Олсен, Елса Хоск како Натали Портман и многу други.

Мараја Кери и Хајди Клум

Сите костуми на познатите за Ноќта на вештерките ги гледате во галеријата, а дел и од другите забави ширум САД.

Кетрин Зета Џонс

Ирина Шајк со ќерката Леа

Бекамови

Моделот Констанс Јаблонски како Џокер

Адел како капетан Кука на забава во Лос Анџелес

Елса Хоск како Натали Портман

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
1 ноември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
23.005 пати