Хајди Клум со децата ужива на Сардинија

30 јули 2018

Супермоделот Хајди Клум (45) во друштво на семејството, во моментов одмора на Сардинија. „Дејли мејл“ објави фотографии, на кои убавата Германка изгледа совршено.

Во бикини, без шминка и било какви други додатоци, сосема природна и опуштена, таа покажа дека сосема ужива во одморот и присуството на мајка си Ерна и децата Хелен (14), Анри (12), Џоан (11) и Лу (8), кои ги доби во бракот со пејачот Сил.

Инаку, таа во моментов се забавува со гитарист кој има 28 години, а разликата во години беше нешто што предизвика бурни реакции во јавноста.

„Моето момече е многу години помладо од мене и поради тоа луѓето мислат дека оваа врска нема да успее и ја преиспитуваат мојата одлука. Сепак, тоа е единственото време кога годините ми се познаваат на лицето и кога морам да одговорам на тоа. Инаку, јас воопшто не размислувам за тоа и не се фокусирам на годините. Мора да живеете среќен живот без да се грижите што ќе кажат другите луѓе, затоа што во спротивно од грижата ќе добиете само повеќе брчки“ изјави неодамна во една пригода моделот.

А дека е среќна и дека знае како да се забавува и да ужива се гледа и од приложените фотографии.

 

Објавено:
30 јули 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
933 пати
Извор: 
DailyMail