Хали Бери изгледа совршено во сребрен мини фустан

1 март 2018

Во очи на годинашните „Оскари“ во Лос Анџелес завчера се одржа шестата по ред „Icon Mann“ гала, на која присуствуваа голем број познати ѕвезди.

Но, вниманието успеа да го привлече 51-годишната актерка Хали Бери.

Таа се појави во краток сребрен фустан и покажа дека изгледа совршено и на стартот од шестата декада од животот.

Креацијата е на руската дизајнерка Елена Рева, а со металик ефектот, црните детали и со џебовите од страна, е парче што секоја урбана девојка би го посакала за себе.

Актерката го комбинираше со сребрени сандали со ремчиња. И косата и накитот се едноставни, па сиот акцент е ставен на креацијата и уште повеќе на тоа како таа умее да ја носи.

Уверете се и сами:

Објавено:
1 март 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
720 пати