Харпер Бекам преслатка во тексас фустан од Зара

15 август 2019

Викторија и Дејвид Бекам подолго време се на одмор во Италија, а деновиве заминаа да ја посетат и Фиренца каде беа фотографирани на прошетка низ градот.

Малата Харпер го привлече вниманието на папараците со нејзината неверојатна позитивна енергија и детска искреност, а како и секогаш беше преслатко облечена во тексас фустан од популарниот high street бренд Зара.

Фото: Victoria beckham/Instagram

Истиот можете да го најдете и во нашите продавници по цена од 1.200 денари, а е одличен избор за вашите најмили за првите школки денови или последните од долгото, топло лето.

Слаткото фустанче осумгодишната Харпер го комбинираше со сандалки во златна нијанса, а со изборот уште еднаш докажа дека и таа полека, но сигурно станува модна икона како нејзината мајка.

На прошетката низ Фиренца подеднакво стилска беше и нејзината мајка Викторија, која за пригодата одбра шармантен кошула фустан комбиниран со рамни обувки и волуменозна сламена чанта.

Како и секогаш ултра стилски беше и нејзиниот сопруг Дејвид Бекам во комбинација во земјени тонови, патики и капа како негов задолжителен моден додаток.

Двојката заедно со нивните деца и неколку пријатели веќе подолго време ужива во одморот низ Италија.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
15 август 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.295 пати