Хелен Мирен: Никогаш не чувствував потреба да имам деца

7 август 2018

Хелен Мирен е една од ретките актерки која може да се пофали со исклучително успешна кариера која трае повеќе од 50 години.

На 26 – ти јули таа го прослави 73 – тиот роденден, а изгледа подобро од кога и да е. Таа е позната по својата искреност и отвореност, па така речиси секогаш открива работи од нејзиниот приватен живот.

Многу често говори и за тоа дека не сака да има деца и дека едноставно, не чувствувала потреба а тоа.

„Не чувствував потреба за деца, ниту пак чувствував некоја празнина затоа што ги немам. Тоа е мојата судбина, никогаш не ми беше важно што луѓето мислат. Каде и да одев, сите ми велеа како е можно да немам деца и дека времето ми истекува. Јас само им кажав да излезат од мојот живот“, изјави актерката во едно интервју.

Сепак, таа открива дека во животот се соочила со еден момент кој ја растажил што нема деца.

„Сакам деца, тие се смешни и слатки, но никогаш не сакав да имам свои. Никогаш не жалев за тоа што немам. Всушност, тоа е лага. Кога го гледав филмот „Родители“, плачев 20 минути. Приказната е за животот на двајца родители и како нивната работа и грижа околу децата не престанува дури и кога веќе се баба и дедо. Тогаш сфатив дека тоа никогаш нема да го доживеам. Плачев 20 минути затоа што никогаш нема да го имам тоа искуство. Тогаш го преболев тоа и повторно бев среќна“, раскажува актерката.

Таа е во врска со американскиот режисер Тејлор Хакфорд од 1986 – та година, а се венчаа 11 години подоцна.

Извор: Elle.rs

Објавено:
7 август 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
582 пати