Хилари во скап бренд

10 јуни 2016

Во април оваа година Хилари Клинтон ја прослави својата победа во Њујорк со говор во кој вети добра едукација за децата, без разлика на поштенскиот број, реонот во кој живеат, како и тоа дека ќе ги ревитализира сите напуштени делови без разлика на кое етничко потекло припаѓаат.

Но, она што излезе како податок деновиве е што носеше Хилари тој ден за време на говорот - ништо повеќе и ништо помалку, туку палто од „Армани“ кое чини 12,495 американски долари.

Таа не е единствената која има навика да носи скапи парчиња. Хилари, официјално стана дел од друштвото во кое е и Џон Едвардс со потсрижување од 400 долари, Мишел Обама со „Ланвин“ патики од 540 долари, Сара Пејлин со шопинг од 150.000 долари.

Објавено:
10 јуни 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
370 пати