Hollywood Film Awards: Црвениот килим во знакот на белата боја

15 ноември 2014

Осумнаесеттото издание на Hollywood Film Awards,  се одржа вчеравечер во Лос Анџелес. Она поради што особено беше важно ова издание е што за првпат имаше телевизиски пренос. Со оваа манифестација всушност се „отвора“ сезоната на филмски награди и се наговестуваат можните победници на Златните глобуси и Оскарите.

Домаќин на Hollywood Film Awards беше Квин Латива, а покрај неа на сцената се појавија и Џони Деп, Џаред Лето, Робет Патинсон, Хилари Свонк, кои доделија дел од наградите, пренесуваат странските медиуми.

На Мајкл Китон му беше врачена наградата за достигнувања во кариерата, за најдобар филм беше прогласен Gone Girl,  додека за најдобар режисер наградата отиде кај Мортен Тилден, за филмот The Imitation Game. Меѓу наградените беше и Бенедикт Камбербатч за најдобр актер (The Imitation Game), додека Џулијан Мур е најдобра актерка (Still Alice). Најдобра анимација е How to train your dragon 2,  додека за најдобра комедија беше избран филмот Top Five.

Мајкл Китон Мајкл Китон

За светските модни портали беше интересен црвениот килим, каде освен споменативе, зачекорија и Кира Најтли, Фелисити Џонс... Анџелина Џоли го „прескокна“ црвениот килим, но тоа не ја направи помалку забележителна. Појавувајќи се во елегантна црна тоалета од волна, со корсет во горниот дел, креација на ателје Версаче, актерката го доби епитетот за една од најдобро облечените таа вечер.

Анџелина во креација на Версаче Анџелина во креација на Версаче

Генерално, белата боја доминираше на црвениот килим. За неа се одлучија Џенифер Лопез која носеше фустан на Зухаир Мурад, Џулијен Мур со креација на Баленсијага. Кира Најтли изненади со изборот, не поради бојата, туку поради креаторот. Актерката е позната како една од амбасадорите на Шанел, но овој пат ја видовме во долга тоалета со потпис на Џамбатиста Вали...

Кира Најтли во креација на Џамбатиста Вали Кира Најтли во креација на Џамбатиста Вали

И Хилари Свонк имаше бел фустан украсен со бројни украсни камчиња и монистра на Николас Оквел, а фустанот на Квин Латифа, беше комбинација од бела и златна, со потис на Беџли Мишка. И Кирстен Стјуарт носеше бел краток фустан, со сребрена мрежа во горниот дел, секако на Шанел. И Џена Дуан имаше тоалета од два дела, со тоа што нејзината беше догла и во горниот дел златно сребрен материјал, со тоа што нејзиниот беше од дизајнерката Рим Акра.

Џена Дуан во креација на Рим АКра Џена Дуан во креација на Рим АКра

Едно од промашувањата на црвениот килим беше белиот фустан на Шејлин Вудли со морски ѕвезди на него со потпис на Валентино.

Емили Ратајковски се одлучи за црн комбинезон од Дијан фон Фурстенберг, што одлично ја истакнуваше нејзината фигура, а црвен плисиран фустан на J.Mendel беше изборот на Рис Витерспун.

Рис Витерспун во креација на J.Mendel Рис Витерспун во креација на J.Mendel

Во продолжение погледнете ја галеријата од вчерашната манифестација:

Објавено:
15 ноември 2014
Категорија: 
Сцена