Хотелот „Беверли Хилс“ слави 100 години постоење

5 јули 2014

Хотелот „Беверли Хилс“ во кој Чарли Чаплин често знаеше да руча, „Битлси“ се забавуваа во базенот, Елизабет Тејлор ги поминуваше сите медени месеци, слави 100 години постоење.

За таа цел хотелот се реновираше, а довербата да го „подмлади“ му припадна на Адам Тихани, еден од најпознатите американски архитексти и дизајнери. Во неговата работна биографија се вклучени уредувања на бројни луксузни хотели и ресторани ширум светот, меѓу кои „Cipriani“ во Венецуела, „Bellagio“ во Лас Вегас, „Gundel“ во Будимпешта, изгледот на бутикот на Версаче, Ботега Венета, како и бројни креации во продукт-дизајнот.

Работата на подмладувањето на хотел со толку долга традиција и статус, а притоа да се внимава да не се нарушат атмосферата и чувството што го овозможува интериерот, е голем предизвик. Како пренесува „Elle Decoration“, архитектот две години работел на оваа задача и тоа во фази, за да не се наруши функционирањето на хотелот, а работењето во собите и апартманите се уште е во тек и се очекува да биде се готово до крајот на годинава.

-Шармот и интересноста на таквите проекти е токму во нивната посебност - вели дизајнерот, кој е роден во Трансилванија. Од страната на мајка му влече унгарски корени, растел во Израел, а се школувал во Милано, каде и завшува на архитектура и урбанизам.

Во интервјуто за популарниот магазин, тој вели дека при процесот на редизајнирање на „Беверли Хилс“ тој се одлучил за двоен пристап - максимално почитување на постоечките решенија во просториите кои имаат култен статус, како Поло барот, а од друга интервенции и темелна промена во другите отворени простори, кои даваат сосема нов изглед.

Еден од апартманите на кои им пристапил со големо внимание е Suite 100 посветен на Мерилин Монро.

-Пред што почнав да работам на дизајнот на хотелот, посветив екстензивно истражување за историјата на хотелот. Материјал имаше многу, затоа што голем дел од неговата историја е документирана во книги, филмови, тв-емисии и слично.Овој хотел е скапоцена американска икона, со богато минато и преубави приказни кои ми беа многу инспиративни. Што се однесува до апартманот на Мерлин Монро, него оригинално го дизајнирал архитектот Пол Вилијамс. Тој ги дизајнирал и Lounge bar Polo и  Coffee Shop, како и препознатливиот колористичен спектар на виолетови и зелени тонови кои со тек на време станаа препознатлив знак на хотелот. Нашиот дизајн ги следи и нагласува заоблените линии на Вилијамс, кои говорат за гламурзниот живот на дивата, по која апартманот и го добил името. Раскошниот микс на тропски принтови и парчиња финиширани со црн лак се протегаат по целиот апартман, а барот од јаворово дрво во дневната соба е елемент кој внесува модерен дух - објаснува архитектот.

А како изгледа денес хотелот „Беверли Хилс“, погледнете во продолжение:

 

 

Објавено:
5 јули 2014
Категорија: 
Сцена