Хрватска: Доделени Elle Style Awards 2013

27 октомври 2013

Во Загреб, завчера вечер беа доделени престижните модни награди Elle Style Awards за 2013 година, а меѓу другото хрватското издание на магазинот, го прослави и својот 11-ти роденден. Ова беше вистински повод на едно место да се соберат најпознатите хрватски јавни личности од филмската, музичката и модната индустрија. Покрај другите, можевме да ги видиме и Северина Вучковиќ која ја освои наградата за најдобар стил на позната личност, потоа Јелена Велјача, Хечена Шопар, Бојана Грегориќ, Ана Кариќ и бројни други имиња познати на јавноста.

Хелена Шопар Хелена Шопар

Стручното жири модните награди ги подели според следниве категории: за најдобри млади модни дизајнери признание им беше доделено на Дамир Беговиќ и Домагој Штимиќ, во категоријата за најдобар дизајнер на аксесоари наградата ја понесе Тамара Бомбардели, најдобар мејкап артист за оваа година според жирито е Симона Антоновиќ, а Хелена Шопар е избрана за најдобар модел.

Ана Марија Асановиќ Ана Марија Асановиќ

Покрај Северина која ја однесе титулата за најстилизирана позната личност, титулата најдобар моден дизајнер и припадна на Ана Марија Бркиќ, а престижната награда за животно дело ја понесе Ана Кариќ.

Северина Вучковиќ Северина Вучковиќ

Ана Кариќ Ана Кариќ

 

Објавено:
27 октомври 2013
Категорија: 
Сцена