Хрватски стилист се грижи за стајлингот на Кортни Лов

25 октомври 2013

Греко  Зечиќ е хрватскиот стилист кој од неодамна е ангажиран да се грижи за изгледот на Кортни Лов. Таа наскоро заминува на турнеја на која ќе го промовира својот долго очекуван албум, а наскоро ќе објави и книга што го носи насловот "Courtney Love: My Story".

Стилистот Зечиќ живее во Њујорк, а негова примарна професија е како уредник на модниот магазин Interview. Тој во своето последно интервју за еден хрватски медиум открива детали од соработката со Кортни и што точно се случува зад камерите.

-Кортни моментално одбива да носи гранџ парчиња, а причината е поради тоа што токму тие модели се моментален тренд кој речиси сите го имаат на себе. Во нашиот однос нема строг професионализам, таа е искрена и непредвидлива и тоа е она што најмногу го сакам. Многу е едноставно да се работи со Кортни , таа нема многу дилеми од она што и го предлагам, така што седиме на кауч, јадеме колачи и разгледуваме креации кои може да влезат во опција. Ако нешто ни се допаѓа се јавуваме во модната куќа за одредениот модел да ни биде испратен, се разбира, ситуацијата е покомплицирана кога работиме на поголеми проекти, вели Зечиќ.

На прашањето дали е тешко да се направи стајлинг за ѕвезда како Кортни Лов, тој изјавува дека проблематичниот карактер на неговата клиентка е само медиумска измислица.

-Не е вистина дека со Кортни е тешко се соработува, да, има јак карактер и гласно се бори за се, но јас немам проблем со тоа. Може еден ден да немаме исти ставови, но секогаш наоѓаме заедничко решение. Јас секогаш сум под еуфорија кога работиме заедно, а со тоа и флексибилноста е попратна, изјавува Греко.

Објавено:
25 октомври 2013
Категорија: 
Сцена