И Џеј Ло има модни промашувања!

10 април 2017

Џенифер Лопез речиси секогаш ја гледаме на листата на најдобро облечени светски ѕвезди. Со изразени облини, таа секогаш зрачи со доза на сексапил, но знае да биде и вистинска дама.

Сепак, и на најдобрите понекогаш им се случува да згрешат. Џенифер, иако ретко, сепак сме ја гледале и во не така добро осмислени комбинации.

Понекогаш е тоа грешка на стилистите, но некогаш и до нејзиниот личен избор.

Неодамна беше фотографирана во друштво на новиот партнер, Алек Родригез, како излегува од студиото во Лос Анџелес.

Синиот фустан со плисирано здолниште во стилот на 1970-тите е парче што веројатно секоја жена би го посакала во својот пролетен гардеробер. Но, проблемот е изборот на обувки.

Со овој дамски фустан, Лопез носи тексасни обувки до глужд со отвор кај прстите, креација од заедничката колекција со Џузепе Заноти.

Модните стручњаци велат дека сандалите се премногу силни за овој фустан, како и тоа дека овој тип на обувки, во комбинација со нејзината висина и должината на фустанот никако не е добитна комбинација.

Што мислите вие за ова?

Објавено:
10 април 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.025 пати